Според „Карбаз“ неколку вообичаени навики значително ја намалуваат долговечноста на возилото и ги зголемуваат трошоците за одржување.

Работење на моторот во празен од

Мит е дека моторот треба да се загрева во место – тој побавно достигнува работна температура без оптоварување. Најдобро е веднаш да се почне со леснo возење.

Кочење со левата нога

Користењето на левата нога за кочење додека се додава гас ја оптоварува трансмисијата и го забрзува абењето.

Прекумерна или неправилна употреба на кумплугот

Држењето нога на кумплугот или честoто користење го скратува работниот век.  Треба да се користи само при тргнување и менување брзини.

Неправилно користење на кочниците

Честото кочење за одржување брзина води до прегревање и побрзо трошење. Подобро е да се намали брзината со префрлање во пониска или да се планира возењето.

Брзо поминување преку „лежечки полицајци“

Може да предизвика оштетување на тркалата.

Возење со максимална брзина

Иако моторите се конструирани да поднесат брзо возење додека моторот не е загреан може да доведе до оштетувања.

Долготрајно непоместување на автомобилот

Гумите се деформираат, сопирачките кородираат. Треба да се вози барем еднаш неделно.

Преполнување на автомобилот

Ги оптоварува амортизерите, гумите и моторот, што забрзува абење и ја зголемува потрошувачката на гориво.

Несредоточено возење

Гледање во телефон или разговор со совозачот го зголемува ризикот од пропуштање дупки и препреки, што може да предизвика штета на возилото.

Текстот Најштетни возачки навики што го скратуваат животниот век на автомобилот е превземен од МАКФАКС.