Попладнево се случила страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје – Велес, јавува ТВ 21.
Според информациите, се судриле комбе и автомобил, додека пак две лица се загинати.
На местото на несреќата е полиција која врши увид, а сообраќајот е блокиран и истиот се пренасочува преку Петровец – Велес(по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.
На терен може да се забележат километарски колони.