Најмалку 57 лица, главно деца, починаа од глад во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври 2023 година, изјави денеска директорот на теренските болници во Газа, Марван ал-Хамс.

„Бројот на смртни случаи поврзани со неисхранетост продолжува да расте поради тековната израелска блокада и речиси колапсот на здравствениот сектор“, рече Ал-Хамс.

Тој истакна дека мнозинството жители страдаат од анемија поради лоша исхрана и недостиг на основни залихи на храна, а теренските болници се сведоци на зголемен број случаи на анемија кај дарителите на крв, што ги попречува службите за Итна медицинска помош.

Ал-Хамс, исто така, предупреди дека пациентите со хронични заболувања, вклучувајќи рак и откажување на бубрезите, „умираат тивко“ поради недостиг на третман и специјализирана грижа.

„Повредените и хронично болните имаат потреба од итна грижа што повеќе не можеме да ја обезбедиме“, рече Ал-Хамс, истакнувајќи дека само неколку теренски болници сè уште работат, главно управувани од волонтери.