Според првичните сознанија од истрагата причина за пожарот во дискотеката во Кочани во која загинале најмалку 50 млади лица била несоодветната употреба на пиротехнички средства.
Во дискотеката имало околу 1.500 гости, главно млади лица.
Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани, потврдија од МВР за МИА.
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството.