Најмалку 300 луѓе загинаа, а 1.182 куќи се уништени од огромното лизгање на земјиштето во зафрлено село во северниот дел на Папуа Нова Гвинеја, објавија денеска локалните медиуми.

Властите соопштија дека стотици локални жители загинале од лизгање на земјиштето во селото Каокалам во провинцијата Енга, околу 600 километри северозападно од главниот град Порт Морсби, околу 3 часот наутро во петокот. Уште едно село во областа – Јамбали, целосно исчезна под урнатините, објави локалниот весник „Пост Курир“, цитиран од ДПА.

Во провинцијата Енга неколку села беа погодени кога врз нив падна дел од планината во раните утрински часови.

Локалните власти сметаат дека стотици луѓе се затрупани во калта и дека конечниот број на загинати најверојатно значително ќе се зголеми.