Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа во кошаркарскиот Куп на Македонија кој од годинава го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур. За „металците“ ова е десетти Куп трофеј во клупската историја со што се израмнија со големиот ривал Работнички кого во финалето го совладаа со 77:69.

Ова беше седма пресметка помеѓу вечните ривали во финалето на Купот на Македонија и сега поуспешен е тимот на МЗТ Скопје кој води со 4:3 во директните дуели во финалето против Работнички.