Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Како што велат од таму, заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54% од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, 29% од граѓаните помеѓу 18 и 39 години.

Според последните податоци, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4%, Кавадарци 62,3% и Охрид 61,4%. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во градовите Гевгелија 59,8%, Берово 56%, Ресен 57,2%, Битола 55,8%, Ресен 57,2%, Пехчево 53%, Крушево 52,3%, Валандово 53,3%, Штип 51,9%, Пробиштип 50,5%. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во градовите Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М.Брод, и Скопје, а помеѓу 30-40% опфат во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во градовите Гостивар 30,5% и Дебар 31,7%.

Во тек е вакцинација во сите постоечки вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.

Од МЗ велат дека вакцини има во доволен број.