Министерството за здравство информира дека нема починат пациент на 22-годишна возраст од Струга. Станува збор за ненамерна грешка во денешниот дневен извештај за состојбата со Ковид-19.
-Во денешниот дневен извештај за коронавирусот во изминатото деноноќие има ненамерна грешка. Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години, се вели во соопштението на Министерството.
Согласно податоците од денешната статистика на Министерството, во последните 24 часа регистрирани се нови 303 случаи на Ковид-19. Оздравени се 1169 пациенти, а починаа 41 лице.