Во земјава денеска е пристигнат „најсовремен метод“ за терапија за пациенти заболени од Ковид-19, односно моноколонална коктел терапија со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab“ одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти Министерството за здравство.
Од институцијата наведуваат дека по бројни преговори успеале да се приклучат кон заеднички договор за рамковна спогодба на кој ексклузивно право на терпијата имаат земјите членки на ЕУ.
„Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји – членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка“, се вели во соопштението.