На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата која се случи вечерва во која автобус со срски регистерски таблички се преврте во Бугарија на автопатот Тракија, соопшти бугарското Министерството за здравство.

Брзата помош од центрите во Сливен и Стара Загора веднаш реагирале на сигналот добиен нешто по 20:00 часот.

На лице место е извршена проценка на состојбата на оштетените и лицата кај кои е констатирана потреба од болничко лекување веднаш се транспортирани за лекарска помош во болнички услови.