МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, извести МВР.
Гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.
Текстот МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.























