Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10.00 до 14.00 часот, спроведе акциска контрола низ државата за санкционирање возачи на товарни моторни возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата, 75 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 34.

Според МВР, 13 возила имале техничка неисправност на уредот за запирање, девет биле со неисправни системи и опрема, едно било со неисправен уред за управување,…

Во однос на возачите, 18 бесправно управувале со возило, двајца управувале возило за време на впишана прекршочна санкција „забрана за управување”,…

При контролата се санкционирани и 94 останати прекршоци.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.