На 04.04.2021 во 02,20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, каде биле затекнати четири лица, а во близина на викендицата пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.