Полицијата го бара лицето кое го запалило бугарското знаме на Вевчанскиот карневал.
Од МВР за Канал 5 изјавиле дека настанот е документиран и се работи на утврдување на неговиот идентитет по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според нив, инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога лице што било дел дефилето во рака држело знаме на Бугарија, а при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило и знамето.