Министерството за внатрешни работи информира дека веќе се превземени мерки за случајот во Кичево.
“Во врска со информацијата за поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на која само на албански јазик е напишано “Republika e Shqiperisё”, со знамето на Албанија, а која води кон дел од библиотеката каде граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки согласно своите надлежности и за случајот е известен Јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство.”, стои во соопштението на МВР.