МВР со детали по синоќешната несреќа во с. Матејче. Во експлозија на плинска боца во викендичка, повредени се шест лица. Станува збор за З.С.(27), В.И. (31), С.С.(34), Н.Н.(31), Б.Ш.(36) и М.Н.(44).
Според МВР, несреќата се случила во викендичка на место викано „Матејачки колиби“. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, а потоа транспортирани во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје на пластична хирургија.
Случајот во СВР Куманово синоќа во 21.45 часот го пријавиле од Општата болница-Куманово.
Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.