Целосно ги демантираме дезинформациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ, односно од Наќе Чулев за наводни неправилности или злоупотреби при набавката на храна од страна на МВР.

Наспроти паушалните обвинувања, вистината е дека е спроведена јавна набавка по направени анализи и поставени високи критериуми кои треба да ги исполнува заинтересираниот економски оператор, а се однесуваат на вработени, техничка опременост како и гаранции за квалитетно извршување на услуга преку банкарска гаранција и осигурителна полиса за сите конзументи.

Во периодот пред доаѓањето на министерот Спасовски во МВР за петте кујни кои ги поседува МВР не е водена потребната грижа ниту за стандарди, ниту за опрема, ниту за соодветен кадар“, пишува во објавата на фејсбук профилот на МВР.