МВР објави дека денеска само до 10 часот изутрина 7.200 македонски патници се пријавиле за влез и излез од државата на граничниот премин Богородица, од вкупно 13.000, пренесува Фактор.мк

Голем број на македонски државјани уште вчера масовно тргнаа кон Грција, трет продолжен викенд по ред.

Во претпладневните часови имало и моменти кога во просек се чекало и по повеќе од два часа.