Тони Ангеловски од МВР во живо во вестите на ТВ21 посочи дека гласањето тече мирно, без нарушување на јавниот ред и мир.

Тој додава дека има регистрирано два случаи на изборни нерегуларности.

„Во Кичево имаме фотографирано гласачко ливче, а во вториот случај, исто така во Кичево, имаме скинато гласачко ливче“, порача Ангеловски.