Едно лице е убиено во синоќешната престрелка пред чајџилница во Чаир, а информацијата ја потврди министерството за внатрешни работи.
Синоќа околу 22 часот било пријавено дека две лица пукале со автоматско оружје на ул. „Браќа Реџепагиќ“.
Во пукањето со тешки повреди се здобил 47 годишник од Скопје кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Каде околу 22 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле и 3 лица од Скопје,од кои две биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“а е едно во комплексот клиники за укажување на лекарска помош“, соопштуват од МВР.