Kабинетот на заменик министерот Наим Буши со реакција на веста објавена од ТВ Ора дека тој бил сместен во претседателски апартман во луксузен хотел во Истанбул.

Од таму велат дека станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер.

Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување, се наведува во демантот од кабинетот на заменик министерот.

Порано денеска Тв Ора објави видео од Буши во претседателскиот апартман на луксузен хотел во Турција.