Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.