МВР нема опрема за да може да врши видео и аудио надзор 24 часа на Сашо Мијалков. Како што објави телевизија Телма, Кривичниот суд донел таква одлука, Мијалков да има алка за следење, потоа видео и аудио надзор, како мерки на претпазливост додека е во куќен притвор. Сепак, како што објави Телма, МВР ваква опрема нема.
Наместо тоа, бидејќи нема опрема, МВР го чува со зголемено присуство на полиција.