Од Стопанската комора му се заблагодарија на МВР бидејќи на граничниот премин Табановце пуштиле во функција повеќе ленти, поради што за кратко време се растелетила гужвата. Утринава напливот на возила за излез од Македонија се случи поради тоа што стотина бизнисмени и нивни вработени, но и останати граѓани одат во Белград на вакцинација против Ковид-19.