Лажни дојави се заканите што денеска по електронска пошта ги добиле четири училишта во Скопје за наводно поставени експлозивни направи. Тоа е утврдено откако се направени сите потребни проверки, информира попладнево Министерството за внатрешни работи.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведува МВР во известувањето.
Во СВР Скопје денеска околу 14 часот е пријавено дека на мејловите на четири средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“, потврдија за МИА од МВР.