Столбот на македонската одбрана, фудбалерот кој се најде помеѓу топ 3 фудбалери најдобри во полуфиналните бараж мечеви, заедно со Бејл од Велс и Отенга од Португалија, Висар Муслиу, вели дека емоциите за мечот со Италија поминаа и сега целиот фокус  е свртен кон мечот со Португалија во вторник. Ова е финале за пласман на СП во Катар 2022 година во ноември, а Муслиу вели дека ваква можност можеби само еднаш во животот се укажува.

„Поминаа емоциите, Италија е историја и сега нашиот фокус е само на Португалија. Ваква шанса можеби еднаш во животот се укажува, па ќе мора да се потрудиме, да го дадеме најдоброто од себе и да се обидеме да испишеме нова историја“ – вели Висар Муслиу кој додава:

„Секој натпревар е различен од претходниот, знаеме што не чека, а тоа е многу тежок меч со огромен притисок и за нас и за нив“.

„На хартија Португалија е фаворит, знаеме со каков квалитет располагаат, но и Италија имаше квалитет, се работеше за европскиот шампион… но во Палермо се виде дека на терен се докажува квалитетот, и секој својата шанса и желба за победа“, вели Муслиу.