На покана на „Европското движење во Црна Гора“ и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе учествува на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), што од вчера до утре се одржува во Подгорица.

Од Министерството за европски прашања соопштија дека Муртезани ќе се обрати на сесијата насловена „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, осврнувајќи се евроинтегративниот пат на Северна Македонија, предизвиците и можностите за пробив на тој пат.

Во рамки на работната посета, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби.