Алтернатива со став: влегувањето на Алијанса во Владата е можен обид за спас на Ахмети и балансирање со бројката на пратеници поради внатрепартискиот судир во ДУИ и отворената поддршка на дел од пратениците за т.н. „огненa група“, пренесува Телма.

Доколку станува збор за план на СДСМ и ДУИ да стигнат до бројката од 80 пратеници, Алтернатива потенцира дека пратениците на Алијанса може да го сторат тоа во Собранието и без да бидат членови на владината коалиција.

Алтернатива потсетува и дека со нивниот влез во Владата се обезбедило парламентарното мнозинство, за откочување  на преговорите со ЕУ и нагласува дека постои договор за владеење до 2024 година, кога станува збор за евентуална нова поделба на ресори со влез на Алијанса.