Препукувањата по мечот Тотенхем-Манчестер Јунајтед (1:3) продолжуваат. Причина за тоа е поништениот гол на Кавани, поради прекршокот на МекКени врс Сон, кој очигледно беше дека повеќе одглуми отколку што навистина имаше контакт. МекКени го допре со раката во лицето, а Сон лежеше неколку минути, дури и лекарите мораа да интервенираат.
За Солскјер, тренер на Јунајтед, ова беше театар и изјави дека доколку неговиот син го стореше тоа, не би му дал да јаде.
Жозе Мурињо брзо одговори на Солскјер.
-Сон е среќна личност и има родител која подобра личност од Оле. Таткото секогаш треба да се грижи да го нахрани своето дете, без оглед на тоа што направил. Ако треба ќе крадете, само за да го нахраните детето. Навистина сум многу разочаран од коментарот на Солскјер, вели Мурињо.