На почетокот на минатиот месец како бомба одекна информацијата дека Жозе Мурињо ќе биде тренер на Рома од следната сезона.

Специјалниот на тој начин се враќа на тренерската позиција во Италија по цели 11 години, каде ќе ја предводи Римската волчица од клупата. Тој доаѓа во Рим по неуспешната сезона во Тотенхем, кој го отпушти пред крајот на сезоната поради лошите резултати.

Трофејниот тренер нема многу време да изгуби, па веќе се сврте кон можни аквизиции за летото. Серхио Рамос, наводно, е негова голема желба.

Постојат сите шанси легендарниот Шпанец да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во овој преоден рок.

Заработуваше 12 милиони евра годишно во Реал и финансискиот аспект е најголемата пречка за Рома, која во тој сегмент дефинитивно не е во можност да им парира на ПСЖ и Манчестер Сити, кои исто така се заинтересирани за него.

Разликата помеѓу Рома во однос на овие два клуба е токму Мурињо и тригодишната успешна соработка што го врзува за искусен дефанзивец.

Серхио Рамос со Кралскиот клуб има освоено пет шампионски титули во Шпанија, четири Лиги на шампиони, четири Суперкупа на Шпанија, четири Светски клупски купови, три УЕФА Суперкупа и два Купа на Кралот.

Покрај Кралскиот клуб, во кариерата играше и за Севилја, од каде пристигна во Мадрид.