Жозе Мурињо почна да се сомнева во искреноста на неговиот фудбалер Герет Бејл. Велшанецот се жали дека е повреден, побарал да работи со физиотерапевтите, но Мурињо има друго мислење.

-Во неделата имавме меч против ВБА и тој не играше. Во понеделникот повторно се пожали на повреда и побара да оди на прегледи. Не тренираше во понеделникот, а во вторникот немаше проблем. Мислам дека тоа не е повреда, но тој побара да работи со физиотерапевтите, вели Мурињо.

Мурињо не е задоволен од ангажманот на Бејл по доаѓањето од Реал Мадрид, па голема е веројатноста по завршувањето на сезоната да биде прекинат договорот за позајмица и да го врати во Мадрид.

 

loading…