Чекањето заврши, стартува 27 по ред Светско првенство кое ќе се одржува во Египет, во периодот од 13-31 јануари. Ќе учествуваат рекордни 32 репрезентации и во истото поради ситуацијата со ковид-19, натпреварите ќе се играат пред празни трибини.
Додатна причина да се следат возбудувањата на Мундијалот е секако и настапот на македонската репрезентацијата која вчера и официјално дозна од ИХФ дека е учесник, после откажувањето на Чешка.
Токму во нашата група „Г“ денеска ќе се игра првиот меч на СП, Египќаните од 18.00 часот во Каиро ќе ги одмерат силите со Чиле. Интересно е фактот што двапати тестиравме (со две победи) против јужноамериканскиот претставник во Скопје во изминатиот период.
Официјално: Ракометарите ќе играат на СП во Египет, Чешка се откажа
Првиот натпревар Македонија ќе го има в четврток од 20.30 часот против селекцијата на Шведска. Првопласираните три селекции ќе обезбедат настап во следната фаза, а последнопласираните ќе продолжат во „Президент купот“.
Данска е актуелниот светски шампион, пред две години на домашен терен во Хернинг со 31:22 славеше против Норвешка.
Франција која тогаш го освои бронзениот медал, има најмногу трофеи на светските шампионати, вкупно шест (1995, 2001, 2009, 2011, 2015, 2017 година), следуваат Шведска и Романија со по четири.
„Триколорите“ седумпати играа во финалето, единствениот пораз го имаа во 1993 година од Русија.
Брестовац ги одреди патниците за Египет: Без Борко, Манасков, Георгиевски…
СП Египет 2021, распоред на натпревари –
Група „А“
15 јануари
18.00 часот Германија – Уругвај
20.30 часот Унгарија – Зеленортски Острови
17 јануари
18.00 Зеленортски Острови – Германија
20.30 часот Унгарија – Уругвај
19 јануари
18.00 часот Уругвај – Зеленортски Острови
20.30 часот Унгарија – Германија
Група „Б“
15 јануари
18.00 часот Шпанија – Бразил
20.30 часот Тунис – Полска
17 јануари
18.00 часот Тунис – Бразил
20.30 часот Полска – Шпанија
19 јануари
18.00 часот Шпанија – Тунис
20.30 часот Бразил – Полска
Група „Ц“
15 јануари
15.30 часот Катар – Ангола
18.00 часот Хрватска – Јапонија
17 јануари
15.30 часот Катар – Јапонија
18.00 часот Ангола – Хрватска
19 јануари
15.30 часот Јапонија – Ангола
18.00 часот Хрватска – Катар
Група „Д“
15 јануари
18.00 часот Аргентина – ДР Конго
20.30 часот Данска – Бахреин
17 јануари
18.00 часот Аргентина – Бахреин
20.30 ДР Конго – Данска
19 јануари
18.00 часот Бахреин – ДР Конго
20.30 часот Данска – Аргентина
Група „Е“
14 јануари
18.00 часот Австрија – Швајцарија
20.30 часот Норвешка – Франција
16 јануари
18.00 часот Австрија – Франција
20.30 часот Швајцарија – Норвешка
18 јануари
18.00 часот Франција – Швајцарија
20.30 часот Норвешка – Австрија
Група „Ф“
14 јануари
18.00 часот Алжир – Мароко
20.30 часот Португалија – Исланд
16 јануари
18.00 часот Мароко – Португалија
20.30 часот Алжир – Исланд
18 јануари
18.00 часот Португалија – Алжир
20.30 часот Исланд – Мароко
Група „Г“
13 јануари
18.00 часот Египет – Чиле
14 јануари
20.30 часот Шведска – Македонија
16 јануари
18.00 часот Египет – Македонија
20.30 часот Шведска – Чиле
18 јануари
15.30 часот Македонија – Чиле
18.00 часот Шведска – Египет
Група „Х“
14 јануари
15.30 часот Белорусија – Русија
18.00 часот Словенија – Јужна Кореја
16 јануари
15.30 Белорусија – Јужна Кореја
18.00 часот Русија – Словенија
18 јануари
15.30 часот Јужна Кореја – Русија
18.00 часот Словенија – Белорусија