Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша новинарката Ирена Мулачка.
„Најстрашното е со што биле лекувани најтешко болните пациенти и дали воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест… Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното. Станува збор за онколошко злосторничко здружение…“, пишува Мулачка.