Тинејџерот Јусуф Мукоко синоќа испиша нова страница во европскиот фудбал, откако стана најмладиот стрелец во историјата на Бундеслигата.
Мукоко го постигна единствениот гол во поразот на Борусија Дортмунд од 2:1 на гостувањето кај Унион Берлин во премиерниот натпревар од 13. коло во Бундеслигата, станувајќи најмлад стрелец во историјата на германскиот елитен фудбал со 16 години и 28 денови.
Подвигот на Мукоко доаѓа неполни две недели, откако стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампиони со 16 години и 18 денови, постигнувајќи гол во триумфот на Борусија Дортмунд над Зенит во последното коло од групната фаза. (МИА)