Г–дин Хаџипази е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Завршил магистерски студии во областа Финансиски менаџмент на Економскиот институт–Скопје. Својата кариера во банката ја започнува во 2007 година како Референт за кредитирање на население во Филијала Гостивар. Во 2009 година е назначен за Директор на Филијала Гостивар, а во 2010 година за Директор на Дирекција за мрежа на Филијали и Експозитури. Во 2012 година е назначен на позицијата Директор на Дирекција за маркетинг и продажба на МСП. Во јуни 2017 година е унапреден на позицијата Директор на Сектор за човечки ресурси, организација и обуки одговорен за Дирекцијата за човечки ресурси и организација и Дирекцијата за административни работи. Со новата организациона структура во февруари 2024 година г–дин Хаџипази е назначен за Директор на Сектор за операции под чија надлежност се Дирекцијата за платен промет во земјата/операции, Дирекцијата за платен промет со странство, Дирекцијата за кредитни и депозитни операции, Дирекцијата за дигитално банкарство–операции и Дирекцијата за операции со готовина. Во март 2025 година Г–дин Хаџипази е назначен за Извршен директор и член на Управен одбор под чија надлежност се Секторот за операции, Секторот за кредитирање и Секторот за информациски системи. Во текот на својата кариера е активен член на повеќе комисии и одбори, како и член на стопански комори и здруженија.