Мухамед Сејдини е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на редоводното собрание кое беше организирано претпладнево.
-На Редовното Генерално Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија присуствуваа 52 од вкупно 53 делегати и сите му дадоа поддршка на актуелниот прв човек на македонскиот фудбал.
Свое обраќање до присутните на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија имаа високите гости од УЕФА, Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации, а во видео изјава изборот на Муамед Сејдини му го честиташе и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
-Денеска е големиот христијански празник – Прочка. Јас сум муслиман, но и во нашата вера, откако ќе прости, човекот ќе има кроткост, трпение, смирение и човекољубие. Простете ако грешев, изјави Сејдини, притоа порачувајќи:
удбалската федерација на Македонија секогаш ќе ја помага својата база. А, Општинските фудбалски Сојузи се нераскинлив дел од нашето семејство. Ве повикувам да разговарате, да се борите, да работите заеднички.
-Ги повикувам и охрабрувам клубовите од Македонската лига. Вклучете се активно во организацијата на натпреварувањата. Како и досега, секогаш ќе ја имате мојата и поддршката на федерацијата за формирање на Ваше здружение за организација на натпреварите.
За тој чекор, ниту некогаш сум бил противник, ниту ќе бидам. Тоа е натпреварување на клубовите и доколку сметате дека треба да го организирате преку свое здружение ја имате мојата целосна поддршка. ФФМ ќе помогне во таа насока на начин на кој заеднички ќе одлучиме.
Додека јас сум претседател на оваа федерација, чесноста и отвореноста ќе бидат особини кои нѐ красат. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде отворена.
Дајте Ваш придонес да бидеме горди на репрезентацијата, да бидеме горди на младите селекции, да бидеме горди на нашите клубови, нашите тренери, судии, фудбалски великани, изјави Сејдини.