Новоизбраниот министер за надворешни работи на Бугарија и неговиот македонски колега Тимчо Муцунски го одржале првиот телефонски разговор, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Муцунски ова го објави на својот профил на социјалната мрежа Х Тој истакна дека разговорот бил пријателски.
„Му честитав за неговото именување и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја зајакнеме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заедничкиот напредок“, рече Муцунски.
Георг Георгиев ја прими функцијата од Иван Кондов на свеченост што се одржа во Министерството за надворешни работи на Бугарија.