Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Тимчо Муцунски соопшти дека иницирал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија Надежда Нејнски, пренесе БГНЕС.
„Денеска имав телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Ѝ ги пренесов искрените честитки за назначувањето и ѝ посакав успех во извршувањето на службените обврски“, напиша Муцунски на својот профил на Facebook.
„Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедството, пријателството и конструктивната соработка. Воедно иницирав билатерална средба што треба да се одржи во наредниот период“, додава министерот.























