Кога ќе дојдеме на власт ќе бидеме максимално внимателни кон договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатишта од Коридорот 8 и 10Д со цел да не создадеме дополнителна штета, надвор од тоа што веќе е создадена бидејќи договорот има клаузули кои силно ги штитат интересите на американско-турскиот конзорциум, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во интервју за телевизија Шења и порталот зоом.мк.
„Без детална анализа не можам да дадам конкретен одговор, но тоа што можам да го дадам како ветување на нашите граѓани е дека ние ќе направиме се, за намалување на трошоците, за реализација на коридорите 8 и 10, на начин што ќе се минимизираат нерационални трошоци, и ќе бидеме одговорни према даночните обврзници“, ветува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски.
Тој тврди дека не е според самиот проект или компанијата, туку начинот како се спроведува истиот затоа што владата има преземено обврски, кои се надвор од нејзините надлежности.
„Нашите критики не се кон Бетел и Енка, кои ги штитат интересите на акционерите и крајна цел е да им е да имаат што повисока профитна маргина, туку нашата критика е кон владата која ги троши нерационално и штетно парите на граѓаните надвор од пазарни вредности“, потсетува Муцунски.
Во врска со критиките од власта дека опозицијата е против реализација на стратешки инфраструктурен проект, Муцунски таквите обвинувања гои оценува како неосновани бидејќи нема логика да се спори инфраструктурен проект кој го поврзува Скопје со Охирд, кој има најголем туристички капацитет и поврзување со Албанија, туку спорни се цените, кои според неговите проценки ќе бидат двојно поскапи. Освен тоа, тој е уверен дека по основ на пенали за нереализирани обврски пред и да почне изградбата на коридорите, земјата ќе плати над 300 милиони евра.
Според него, на проектот не треба да се даде етнички карактер бидејќи реализацијата на стратешки инфраструктурни проекти се од интерес на сите граѓани и на економскиот развој на земјата.
„Ја прочитав изјавата на Димитриевски, но не ја видов во целост, само делумно пренесено. Не можам да коментирам. Јас не ги гледам низ призма на етнички интерес, туку колку инвестицијата ќе се врати како додадена врденост во економскиот развој, а не, нерационално, како што сега се прави“, додава Муцунски.
Одговарајќи на прашањето за причините за спорење на усогласување на законската регулатива со Законот за стратешки проекти, за скратување на раковите и работните часови на работниците Муцуснки смета дека со тоа се заобиколува правниот систем и се отвараат можности за злоупотреби и корупција.