Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).
Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата.
Муцунски истакна дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, при што нагласи дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.
Текстот Муцунски – Катаока: Јапонија е значаен економски партнер на Македонија е превземен од МАКФАКС.