На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
Фокусот на разговорите беше ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст, беа потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области.
Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес.
Двајцата министри го потврдија и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации.
Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, при што беше нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.
Текстот Муцунски-Фидан: посебен акцент ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности е превземен од МАКФАКС.























