Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и’ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Kaja Калас, во Скопје.
„Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Во рамки на посетата ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.
Текстот Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива е превземен од МАКФАКС.