Седум приоритети за општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум.
Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години.
Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките.
Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром.
Целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината.