Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на Радио Лидер потенцираше дека постои сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми.

-Она што мене ме загрижува е по повеќе разговори со релевантни меѓународни претставници еве во вашата емисија  можеме да кажеме дека постои едно сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија, дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми, кои што шират една пропаганда спротивна на интересите на нас како земја членка на НАТО, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека за сето ова што го прави власта ќе следи одговорност.