Коментирајќи ги претресите и препирките помеѓу Финансиска полиција и Основното јавно обвинителство, Арафат Муареми за Слободен Печат изјави дека дека чекорите и притисоците кон него се очекувани кога институцијата со која тој раководи се справува со криминалот во земјава.
Според Муареми, поднесената кривична пријава до него која е актуелна деновиве во јавноста и се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за кривично дело „насилство“ е само продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар на моќ, откако претрес во Управата, неодамна направи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција, вели Муареми.






















