Министерството за труд и социјална политика ги отфрли тврдењата дека девојчето, кое повеќе од една година било тргувано со лица уапсени од Тетово и Гостивар, било под социјална заштита, или било дадено на семејство за згрижување. Тие велат дека биле известени за случајот само кога социјалните работници биле повикани од наделжните. По оваа инфомраицја, останува нејасно како девојчето завршило во рацете на стрателка кој анаместо да ја чува, тргувала со неа. Од Министерството за труд и социјална политика потенцираат дека во периодот кога се случило кривично дело, случајот не бил пријавен во Центарот за социјални работи.

„Во времето кога се случиле настаните пријавени во медиумите, случајот не бил пријавен кај надлежните служби на Центарот за социјална работа, односно Центарот беше повикан на терен во врска со друго ризично прашање, по што беа откриени настаните што се случиле претходно. Во согласност со најдобриот интерес за детето, преземени се сите мерки за да се грижи и да се заштити, таа добива соодветни психосоцијални услуги и поддршка, успешно се ресоцијализира и е вклучена во редовниот образовен процес“, наведуваат од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика не дава објаснување што се случило со помалиот брат и сестра бидејќи, според обвинението, девојчето било принудено да врши сексуални услуги под притисок дека нејзиниот брат и сестра ќе бидат вратени кај нивните родители. Кривичните дела трговија со луѓе и сексуално злоставување траеле цела година од летото 2020 година до септември 2021 година. 11 осомничени ќе бидат гонети за сторено кривично дело „трговија со деца“. 9 од нив се во притвор, еден на болничко лекување, а еден е недостапен за органите на кривичното гонење. Кривичното дело, наведено во Кривичниот законик и Конвенцијата за правата на детето, предвидува казна затвор за секој од осомничените од 8 до 10 години.