Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик.
Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка.
„Како Министерство апелираме до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени. Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека се што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и така и ќе продолжи во иднина“, посочуваат од Министерството.
Текстот МТСП го осудува секој чин на насилство врз вработени во центрите за социјална работа и презема мерки за обезбедување на нивна заштита е превземен од МАКФАКС.