Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Списоците се достапни на линкот: http://bitly.ws/BcrC Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март.
-На веб-страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош), соопшти МТСП.
На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на оваа финансиска поддршка кои се приматели на ниски пензии односно тие што имаат пензија до 11.525 денари и тие што немаат поголема пензија од 14.000 денари, како и корисници на право на надомест за телесно оштетување.
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на својата веб-страница ги има списоците на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надомест.
-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: [email protected], информира МТСП.
Министетството наведува дека списоците на корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе биде отстранети од веб-страниците на МТСП, ФЗОРСМ и Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето