Во селото Парналија на Плачковица во Општина Карбинци вчера било најдено мртво 11-годиншно девојче пред еден помошен објект, потврди СВР Штип, пренесува СДК.
Вчера околу 13 часот СВР Штип добила пријава за случајот, по што бил извршен увид на местото на настанот, вели портпаролот Гордана Панајотова.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај девојчето, а не биле утврдени траги на насилство.
По налог на Обвинителството телото било дадено на семејството, а случајот сепак ќе се истражува.