Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот.
„Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија. Христос воскресе!“, стои во соопштението на МПЦ-ОА.